ЕУРОЛЕК

Веледрогерија

Испорачуваме доверба

Since 1996

За Нас

Еуролек Веледрогерија е приватна компанија основана во мај 1996 година со 5 вработени и на изнајмен простор. Денес, Еуролек е една од најреномираните и брзорастечки веледрогерии во државата која вработува 80 лица и работи на сопствен објект од преку 2000 метри квадратни на влезот на индустриската зона Визбегово.

Како веледрогерија, Еуролек прима и складира лекови, помошни лековити средства, медицински помагала, санитетски материјали, козметика и останати медицински материјали од сите познати домашни и странски фармацевтски компании. Подоцна истите ги дистрибуира до над 500 аптеки, здравствени установи, болници и останати медицински центри во секое ќоше од државата.

Еуролек е исто така и национален застапник за повеќе странски фармацевтски компании како: Jadran galenski laboratorij Rijeka, Oktal Pharma Zagreb, MediPlants и Sanofi меѓу останатите.

Како показател за успешното менаџирање на компанијата, од 2003 па се до денес, Еуролек секоја година е присутен на листата на 200 најголеми и најуспешни фирми во Македонија.

Низ нашeто повеќедецениско постоење создадовме имиџ на компанија за која задоволниот клиент е најважното мерило за успех и како верен партнер на нашите потрошувачи со задоволство го промовираме мотото “Испорачуваме Доверба.”

Нашата Приказна

Компанијата е основана

1996

Компанијата е основана

1996

Еуролек се сели во поглем простор во Автокоманда, бројот на вработени расте до 10

1997

Еуролек се сели во поглем простор во Автокоманда, бројот на вработени расте до 10

1997

Поставен камен темелникот на нашиот современ објект во Визбегово

2000

Поставен камен темелникот на нашиот современ објект во Визбегово

2000

Пуштен во употреба објектот во Визбегово

2002

Пуштен во употреба објектот во Визбегово

2002

За прв пат Еуролек се појавува на листата на 200 најголеми компании во државата

2003

За прв пат Еуролек се појавува на листата на 200 најголеми компании во државата

2003

Еуролек надминува 20 милиони евра годишен промет

2013

Еуролек надминува 20 милиони евра годишен промет

2013

Еуролек достигнува 50 вработени  

2016

Еуролек достигнува 50 вработени  

2016

Еуролек надминува 30 милиони евра годишен промет

2022

Еуролек надминува 30 милиони евра годишен промет

2022

Пуштен во употреба новиот дополнителен објект од 1000m2 со што Еуролек ја дуплира својата работна површина

2023

Пуштен во употреба новиот дополнителен објект од 1000m2 со што Еуролек ја дуплира својата работна површина

2023
eurolek building
eurolek office
eurolek conference room
80
Вработени
500
Клиенти
6000
Артикли
15
Возила за достава

ТЕЛЕФОН

E-MAIL

komercija@eurolek.com.mk

АДРЕСА

ул. Качанички пат бр. 174, Визбегово 1010,  Скопје Македонија

2020 Copyright @ Eurolek.com.mk
has been added to the cart. View Cart