Еуролек
Веледрогерија

Испорачуваме доверба
Since 1996

За Нас
Еуролек Веледрогерија е приватна компанија основана во мај 1996 година со 5 вработени и на изнајмен простор. Денес, Еуролек е една од најреномираните и брзорастечки веледрогерии во државата која вработува 70 лица и работи на сопствен објект од преку 1000 метри квадратни на влезот на индустриската зона Визбегово.
Како веледрогерија, Еуролек прима и складира лекови, помошни лековити средства, медицински помагала, санитетски материјали, козметика и останати медицински материјали од сите познати домашни и странски фармацевтски компании, и подоцна ги дистрибуира до над 500 аптеки, здравствени установи, болници и останати медицински центри во секое ќоше од државата.
Еуролек е исто така и национален застапник за повеќе странски фармацевтски компании како: Jadran galenski laboratorij Rijeka, Oktal Pharma Zagreb, MediPlants и Sanofi меѓу останатите.
Како показател за успешното менаџирање на компанијата, од 2003 па се до денес, Еуролек секоја година е присутен на листата на 200 најголеми и најуспешни фирми во Македонија.
Низ нашeто повеќедецениско постоење создадовме имиџ на компанија за која задоволниот клиент е најважното мерило за успех и како верен партнер на нашите потрошувачи со задоволство го промовираме мотото “Испорачуваме Доверба.”

Нашата Приказна



