ЕУРОЛЕК
Веледрогерија

Испорачуваме доверба
Since 1996

За Нас
Еуролек е основана како приватна компанија во мај 1996 година, започнувајќи со тим од само пет вработени кои работеа во изнајмен простор. Денес, компанијата се вбројува меѓу најреномираните и најбрзорастечки фармацевтски веледрогерии во земјата, со повеќе од 80 вработени и сопствен објект од 2.000 квадратни метри, лоциран на влезот од индустриската зона Визбегово.
Како фармацевтска веледрогерија, Еуролек прима, складира и управува со лекови, медицински помагала и уреди, козметички производи и други медицински средства од водечки домашни и меѓународни фармацевтски производители. Преку својот возен парк, компанијата ги дистрибуира производите до повеќе од 500 аптеки, здравствени установи, болници и медицински центри низ целата држава.
Покрај веледрогериското работење, Еуролек е и национален претставник на неколку реномирани меѓународни фармацевтски компании, меѓу кои Јадран Галeнски Лабораториј Ријека, Октал Фарма Загреб, МедиПлантс и Санофи, како и други.
Како показател за успешното менаџирање на компанијата, од 2003 па се до денес, Еуролек секоја година е присутен на листата на 200 најголеми фирми во Македонија.
Низ нашeто повеќедецениско постоење создадовме имиџ на компанија за која задоволниот клиент е најважното мерило за успех, и како верен партнер на нашите потрошувачи со задоволство го промовираме мотото “Испорачуваме Доверба.”




Нашата Приказна







